За планскиот документ изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за намена Е1.13 – Површински соларни и фотоволтаични електрани (фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште) на КП 843/1, КП 843/2, КП 844, ДЕЛ ОД КП 845, КП 849, КП 851/2, КП 851/3, КП 853/1, КП 853/4, КП 854/1, КО Сојаклари и Дел од КП 97, КО Кумарино, Општина Велес, кој се носи согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл. Весник на РМ  бр.199/14, 44/15, 44/15 и 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), не е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животната средина.

  1. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Велес www.veles.gov.mk.
  2. Согласно критериумите за определување на тоа дали еден плански документ има влијание врз животната средина од член 65 став (4) од Законот за животна средина и врз основа на податоците од Прилог 2 на Правилникот за формата, содржината и образецот на одлуката за спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена и на формуларите за потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена, за  планскиот документ Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за намена Е1.13 – Површински соларни и фотоволтаични електрани (фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште)  на горенаведените катастарски парцели нема да има влијание врз животната средина од следните причини:

–              Рационално користење, штедење и заштита на природните ресурси и искористување на сончевата енергија како обновлив извор на енергија,

–              Намалување на емисиите во воздухот и на емисиите на стакленички гасови,

–              Намалување и ублажување на климатските промени,

–              Зголемување на енергетската ефикасност во однос на постоечките постројки во секторот енергетика,

–              Намалување на зависноста од увоз на струја,

–              Позитивни импулси и ефекти врз целото непосредно опкружување од аспект на повисока организација, инфраструктурна опременост и уреденост на просторот.

  1. Според горе наведената планска документација на предметниот простор има предвидено намена:

– E1.13-површински соларни и фотоволтаични електрани со максимална катност П и максимална висина 7,0м и комплементарна намена на основната намена Е1.8 – Трансформаторска станица, со максимална катност П и максимална висина 7,0м.

4.            Против оваа одлука може да се поднесе жалба преку овој орган до Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштита на животна средина и просторно планирање, во рок од 15 дена од денот на објавувањето на Одлуката на веб страната.


Одлука