1. За планскиот документ Предлог планска програма за изработка на Детален урбанистички план за дел од УБ 34, УЕ 5 (Централно градско подрачје), КО Велес, Општина Велес, кој се носи согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл. Весник на РМ  бр.199/14, 44/15, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), не е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животната средина.
  2. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Велес www.veles.gov.mk
  3. Согласно критериумите за определување на тоа дали еден плански документ има влијание врз животната средина од член 65 став (4) од Законот за животна средина и врз основа на податоците од Прилог 2 на Правилникот за формата, содржината и образецот на одлуката за спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена и на формуларите за потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена, за  планскиот документ Предлог планска програма за изработка на Детален урбанистички план за дел од УБ 34, УЕ 5 (Централно градско подрачје), КО Велес, Општина Велес, нема да има влијание врз животната средина од следните причини:
  • Локацијата на планскиот опфат се наоѓа во централниот дел од Велес, во К.О. Велес. Планскиот опфат опфака дел од Урбан блок 34 според ГУП на град Велес (одлука бр.0701-2035/2 од 30.05.2006г), со намена: А – ДОМУВАЊЕ (А1 – Домување во куќи), Д – зеленило, рекреација и мемориални простори (Д1 – градби од живо зеленило) Е – ИНФРАСТРУКТУРА (Е1 – Сообраќајни, линиски и други инфраструктури).
  •  Од анализата на постојната состојба се констатира дека планскиот опфат со површина од 4.66ха., претставува блок кој веќе е целосно изграден, при урбаната обнова се дозволува градба на соодветна градба и во градежни парцели, кои се помали од пропишаните, а воедно процентот на изграденост и коефициентот на искористување ќе бидат соодветни на големината на градежната парцела. Изградените градби, евидентирани во постојната состојба максимално се почитувани и вклопени во планот со дефинирани парцели и обезбедени пристапи до нив..

4. Против оваа одлука може да се поднесе жалба преку овој орган до Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштита на животна            средина и просторно планирање, во рок од 15 дена од денот на објавувањето на Одлуката на веб страната


Одлука