Врз основа на член 50 став 13 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр.5/02), член 13 став 2 од Правилникот за критериуми за селекција на кандидати за вработување во Територијалната Противпожарна единица во Општина Велес бр.08-3677/1 од 09.07.2018 година и записникот од Комисијата за селекција со ранг-листа на селектираните кандидати на Јавен оглас за вработување на неопределено време овластени службеници во областа на безбедноста со бр.04-4278//40 од 05.12.2019 година,

Градоначалникот на Општинa Велес ја донесе следната:

ОДЛУКА
за избор на кандидати за вработување на неопределено време
овластени службеници во областа на безбедноста-Пожарникар спасител-техничар

1.Градоначалникот на Општина Велес, по спроведената постапка по Јавниот оглас со бр.04-4278/1 од 04.11.2019 година за вработување на неопределено време на овластени службеници во областа на безбедноста на работно место–пожарникар спасител техничар, ниво В3, реден број 104, шифра ПОЖ 0210 В03 000, изврши избор на следните најдобро рангирани кандидати:

  • Горанче Јанковски
  • Милан Прличков

2.Врз основа на одлуката за избор со избраните кандидати наведени во точка 1 од оваа Одлука, ќе се склучи договор за вработување на неопределено време, започнувајќи од 24.12.2019 година.

3.Оваа Одлука влегува во сила со денот на нејзиното донесување.

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

Општина Велес објави Јавен оглас за вработување на неопределено време на службеници во областа на безбедноста со бр.04-4278/1 од 04.11.2019 година за четири извршители за работно место пожарникар спасител техничар, ниво В3, реден број 104, шифра ПОЖ 0210 В03 000 утврдено со актот/систематизацијата на работните места на Општина Велес-ТППЕ. На јавниот оглас се јавија 20 кандидати.

Комисијата за селекција, формирана од Градоначалникот на Општина Велес ја спроведе постапката по пристигнатите пријави по огласот во две фази на селекција и до Градоначалникот на Општина Велес достави Записник со конечна ранг-листа на селектираните кандидати – од најуспешни со највисок број освоени бодови до кандидати со најмал број освоени бодови.

Врз основа на доставената ранг листа и согласно член 50 став 13 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник“ бр.5/02) и член 11 став 13 од Законот за пожарникарство пречистен текст („Службен весник“ на РМ бр.168/17), Градоначалникот изврши избор на двајца кандидати и донесе одлука како во диспозитивот.
ПРАВНА ПОУКА: Против оваа Одлука може да се изјави приговор до Градоначалникот на Општина Велес во рок од 8 дена од денот на објавување на одлуката на веб страната на Општина Велес.