Врз основа на член 23 став 4 од Законот за работни односи („Службен весник на Република Македонија“ бр.62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 139/09, 149/09, 50/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16 и 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.110/19, 267/20 и 151/21) и член 50 став 13 и 14 од Законот за локалната самоуправа, а во врска со објавениот оглас бр.01/2021 (со 04-2889/2 од 20.07.2021 година),

Градоначалникот на Општина Велес ја донесе следната:

О Д Л У К А

за избор на кандидат по Јавен оглас за вработување на неопределено време

1.Градоначалникот на Општина Велес, по спроведената постапка по Јавниот оглас бр.01/2021 (со арх.бр.04-2889/2 од 20.07.2021 година) за прием на работници во работен однос на неопределено време на работно место- Возач на Градоначалникот, ниво А2, шифра УПР 04 03 А02 001– 1 (еден) извршител, а изврши избор на следниот кандидат:

  • Владо Димов

2.Врз основа на одлуката за избор со избраниот кандидадат наведен во точка 1 од оваа Одлука, ќе се склучи договор за вработување на неопределено време, по конечноста на оваа Одлука.

3.Оваа Одлука влегува во сила со денот на нејзиното донесување.

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

Општина Велес на ден 21.07.2021 година објави Јавен оглас бр.01/2021 (со арх.бр. 04-2889/2 од 20.07.2021 година) за прием на работници во работен однос на неопределено време на работно место – Возач на Градоначалникот, ниво А2, шифра УПР 0403 А02 001–1(еден) извршител, утврдено со актот/систематизацијата на работните места на Општина Велес. На јавниот  оглас се јави 1 (еден) кандидат.

Комисијата за селекција, формирана од Градоначалникот на Општина Велес, ги прегледа пристигнатите пријави и документи и изврши проверка на истите. Од извршената проверка, Комисијата ја спроведе постапката по пристигнатите пријави по огласот и до Градоначалникот на Општина Велес достави Записник со ранг-листа за вршење на избор на кандидат од негова страна.

Врз основа на горе наведеното, а согласно член 23 став 4 од Законот за работни односи и член 50 став 13 и 14 од Законот за локалната самоуправа, Градоначалникот изврши избор на еден кандидат и донесе одлука како во диспозитивот.

Правна поука: Против оваа одлука незадоволната страна има право на приговор до Градоначалникот на Општина Велес во рок од 8 дена од денот на објавувањето на одлуката на страната на Општина Велес.