Тематски форум со наслов „Презентација на наоди од социјално мапирање во Општина Велес“ денеска се одржа во Големата сала на Општина Велес. На форумот се презентираа клучните наоди од спроведеното социјално мапирање, во орагнизација на Заедницата на единиците на локалната самоуправа – ЗЕЛС, во соработка со Општина Велес и истрачувачката компанија „Стратум Рид“.

Активностите се дел од проектот  „Регионално учење за имплементација на Агенда 2030 во Југоисточна Европа“ кој се имплемнтира во соработка со NALAS, Мрежата на асоцијации на локални власти на Југоисточна Европа, и финансиска поддршка од GIZ, Германското друштво за меѓународна соработка.

Една од целите на проектот е зајанување на капацитетите на локалните самоуправи за интегрирање на целите за одржлив развој и примена на принципот „Никој да не биде изоставен“ при креирање на локалните политики и буџети.

Во рамки на проектните активности, ЗЕЛС објави јавен повик за изразување интерес на општините за спроведување на методологија за социјално мапирање.

Во рамките на оваа проектна активност беа избраа три општини (Велес, Битола и Штип) за спроведување на методологијата за социјално мапирање со цел интегрирање на податоци за социјално загрозени групи во процесите на планирање и донесување одлуки во домен на  социјалната заштита.

Социјалното мапирање во Општина Велес е спроведено од консултантската компанија „Стратум Рид“.

Општината вклучена во социјалното мапирање ќе добие стручна помош за интегрирање на клучните наоди што произлегуваат од социјалното мапирање во стратешките документи на општината во областа на социјалната заштита.