Во рамки на проектот “Паметни решенија Велес – продолжуваме” Општина Велес спроведе тематска конференција за урбаната мобилност која имаше за цел да го претстави проектот, предвидените активности и очекувани резултати, воедно, да го претстави концептот на одржливата урбана мобилност во локален контекст како и успешно реализираните европски практики низ примерите на Германски и Словенски експерти кои земаа активно учество со свои презентации.
Проектот “Паметни решенија Велес – продолжуваме” го спроведува Општина Велес во партнерство со СЕГ Холдинг. Иститот е ко-финансиран од Европската Унија во рамки на програмата “ЕУ за општините” и Министерството за локална самоуправа, во вкупен износ од 751,470 ЕУР.
Проектот Паметни решенија Велес – продолжуваме, ќе придонесе за подобар паметен урбан развој на Општина Велес со што ќе се подобри и квалитетот на живот на граѓаните преку унапредување на градската мобилност со нови инфраструктурни решенија во централното градско подрачје.
Се предвидуваат: нови пешачки и велосипедски зони во центарот на градот, набавка и инсталации на паметни елементи (електрични велосипеди, паметни – постројки, подземни контињери, клупи) градење на капацитети преку обуки, конфереции, и спроведување на кампањи за промоција.
Проектот започна со реализација во Јануари 2022 година во времетраење од 36 месеци, завршувајќи ги предвидените активности до 15 Јануари 2025та година.