На денешната седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување на која присустуваа членовите на Општинскиот штаб и претставници на ЈЗУ Општа болница Велес, ЈЗУ Здравен дом, ЈЗУ Центар за јавно здрвје, Општинската организација на Црвен Крст, од стопанската комора на Велес, Министерството за внатрешни работи, АРСМ, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, Територијалната противпожарна единица, Центарот за социјални работи, претседателот на Советот на Општина Велес, претставници на трудовата инспекција и вработените од општинската адмнинистрација, ги донесоа следниве заклучоци:
- Поради прогласената вонредна состојба од страна на РСМ и предложените превентивни мерки, а со цел да се согледа состојбата на институциите во градот, се предлага почесто одржување на состаноци на горенаведените претставеници на институциите;
- Да се помогне со обезбедување на заштитни средства (ракавици, маски, мантили, средства за дезинфекција) на сите институции кои се директно вклучени и засегнати од настанатата ситуација со COVID-19 (Коронавирус);
- Да се продолжи соработката, активностите и работата на веќе формираните мобилни тимови во соработка со ОО на Црвен Крст, Велес;
- Да се разгледа состојбата на објектите кои се во сопственост на Општина Велес, а може да се стават на располагање во случај на потреба за сметстување на лица на кои им е потребана самоизолација;
- Согласно донесениот Оперативен план за превентивна дезинфекција на Општина Велес да се продолжи според динамиката дадена во истиот за дезинфицирање на јавните прометни површини;
- Се предложува до ЈКП „Дервен” да донесе Одлука во врска со покриениот пазар во Нова населба истиот времено да биде затворен, додека на градскиот пазар се направи соодветен распоред на тезгите, а влезот во самиот пазар да биде редуциран и регулиран со распоред од овластени лица од претпријатието.