Почитувани,

Од денес, 19 март 2020 година (четврток), службите на Општина Велес ќе работат со скратено работно време од 08:00 до 14:00 часот.

Поради вонредната состојба со Коронавирусот, Општина Велес ја информира јавноста дека сите потребни информации и услуги граѓаните можат да ги добијат по електронски пат.

Е-пошта: opve@veles.gov.mk

Телефон (централа): 043 232 406

Скратеното работно време ќе важи до наредните препораки, осносно предложени мерки од надлежните институции.

Со почит,
Општина Велес