Општина Велес обезбеди финансиска поддршка за ученици и ментори со освоено прво, второ или трето место на државен, меѓународен или олимписки натпревар. Поддршка им следува на учениците и менторите кои освоиле награди во учебната 2023/2024 година а ваквата пракса ќе продолжи и во наредните школски години. Финансиската поддршка има за цел да ги мотивира учениците да се стремат кон високи цели и успеси.

Наградите ќе им бидат доделени на заеднички настан за што Општина Велес дополнително ќе ја информира јавноста.