Почитувани,
Од утре, 23 март 2021 година (вторник), администрацијата на Општина Велес ќе работи во две смени и тоа:
- Прва смена од 07:00 до 12:00 часот
- Втора смена од 12:30 до 17:30 часот
Приемот на странки во граѓанскиот сервис центар и архива на Општина Велес ќе се одвива во периодот од 10:30 до 14:00.
Поради моменталната состојба со Коронавирусот, Општина Велес ја информира јавноста дека сите потребни информации и услуги граѓаните можат да ги добијат по електронски пат.
Е-пошта: opve@veles.gov.mk
Телефон (централа): 043 232 406
Со почит,
Општина Велес