Општина Велес, заедно со учте четири други општини започна со спроведување на активностите кои се дел од проектот „Место за растење: општини посветени на децата”, спроведуван од Првата детска амбасада во светот „Меѓаши” и Центарот за семејно и детско згрижување КМОП, Скопје. Во рамки на истиот, денес беше одржана инфо сесија со претставници на општинските основни и средни училишта, Детската градинка, Советот на Општина Велес, како и на општинската администрација, со цел претставување на проектните цели и задачи, очекуваните резултати, како и улогата на учесниците во процесот на реализација на проектот.

Проектот ќе придонесе за зајакнување на заложбите на локалните власти за унапредуање на правата на децата и учеството на децата во локалното планирање во петте општини – партнери во проектот: Велес, Виница, Дебар, Гостивар и Кисела Вода. Проектот ќе се спроведува до јули 2025 година, а е финансиран од Делегацијата на Европската унија во рамки на локалните шеми за демократија и човекови права.