Вработени во Општина Велес учествуваа на 26 – те спортски игри и средби на Синдикатот на УПОЗ 2021 година кои се одржаа од 09 до 12 септември во Охрид. Единаесет службеници предводени од претседателката на синдикалната организација учествуваа во разни дисциплини и во конкуренција од околу 300 учесници и 22 екипи од повеќе институции-членки на УПОЗ, освоија 7 медали.
Жените го освоија првото место во тенис, првото место во баскет, трето место во пикадо-жени, трето место пливање-мажи, трето место кошарка, трето место влечење јаже во мешан состав и трето место во пинг понг исто така во мешан состав.