Почитувани,

Водејќи се од начелото за транспарентна и отчетна општина, Ве информирам дека како претседател на Советот на Општина Велес, започнуваќи од 07.03.2022 година, ќе одржам директна и непосредна средба со жителите на општината, во простории на Општина Велес (сала за состаноци).

Имено, понеделник го одредувам како „Отворен ден“ за средба со граѓаните од локалната заедница и секој следен понеделник ќе биде ОТВОРЕН за средба со нова тема.

Средбите ќе бидат тематски, поврзани од одредена област од  надлежностите што ги има општината.

Преку средбите, ценам дека ќе си овозможиме поблиска соработка со сите жители, здруженија на граѓани, установи и институции и други правни лица, кои со конструктивни предлози ќе придонесат во подобрување на работата на локалната самоуправа.

За понеделник, 07.03.2022 година, на првиот „Отворен ден“  предлагам да разговараме за идеи од областа на културата и туризмот, тема која ми е многу блиска и сакам оваа средба да ја започнеме токму  со наведената област.

Затоа, Ве поканувам креативните идеи да ги споделиме на средбите, а присуството да го закажете кај,

лицето за контакт: Сања Карабатова Игновска,  076/351-674,  секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот.

Ве очекувам!

Со почит,

Претседател на
Совет на Општина Велес,
Зоран Љутков