Пакети со храна денеска беа доставени и до жителите на село Белчевишта. Подолг временски период осум жители од селото беа отсечени од градот поради штрајкот на железничарите и несообраќањето на возовите. Претставници на  Општина Велес и  на ОО на Црвен крст Велес и со поддршка на теритпријалната противпожарна единица, и покрај непристапниот пат, стигнаа до селото и им доставија помош на жителите.

Општина Велес во соработка со најхуманата организација продолжува да работи во интерес на сите граѓани на Велес и велешко.