Панел дискусија на тема „Политичко учество на лицата со попреченост“ се одржа во Електронската сала на Општина Велес. На дискусијата во организација на Здружението за промоција и развој на инклузивно општество ИНКЛУЗИВА, збор земаа претстедателката на здружението Благица Димитровска и градоначалникот на Општина Велес Марко Колев.

На панел дискусијата беа презентирани резултатите од проценка на инклузивноста кај политичките партии а беше претставена и работата на Народниот Правобранител во чија рамка дејствува тимот за мониторинг на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост.

Лицата со попреченост, претставниците од политичките партии, Градоначалникот, советниците и претставниците на граѓанскиот сектор беа вклучени како говорници и учесници во панел дискусијата на која изнесоа свои ставови, размислувања и идеи за зголемување на учеството на лицата со попреченост во политичкиот живот.