Во рамки на одбележувањето на Европската недела на мобилност во Општина Велес, денес во просториите на Европска куќа Велес се одржа панел дискусија со претставници на јавни институции, лица со попреченост и Здруженија на граѓани.
Панел дискусијата насловена „Заедно за подобро утре” како дел од овогодинешните активности за одбележување на Европската недела на мобилност, Општина Велес ја организираше во соработка со Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености од Велес.
Присутните разговараа за мобилноста на лицата со попреченост и предизвиците со кои се соочуваат во секојдневниот живот, можностите и заложбите на општината истите да ги подобри и да се создадат подобри услови за поголема вклученост на лицата со попреченост во заедницата.
Истовремено, настанот беше збогатен и со изложба на уметнички дела изработени од креативните раце на Бубе Дуков, член на Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености.
Меѓудругото, тимот од Општина Велес обезбеди и достојни донации од општествено одговорни компании кои донираа пилатес топки и соодветни подлоги, велосипеди за деца, топки за разни спортови, останати спортски реквизити, освежителни пијалоци и житарки, наменети за сите клонови на ОЈУ Детска градинка „Димче Мирчев”, како и за општинските основни и средни училишта. Донациите ги овозможија „Нестлè Адриатик д.о.о.е.л. Македонија”, „Еуро-Фарм”, „Стокомак”, „Виталиа Никола ДОО”, „Базаро” и ДПТУ „КОЛА“ ДООЕЛ.
Додека пак партнери и поддржувачи на активностите за одбележување на ЕНМ 2023 во Велес се и Делегацијата на Европска унија и Европска куќа Велес, Министерство за животна средина и просторно планирање, ЕГ „Грин пауер”, ЗГ „Велес бајкинг”, Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености, ОЈУ Детска градинка „Димче Мирчев”, ООУ „Рајко Жинзифов”, Горно Оризари, Велес, МВР-СВР Велес, Општинска организација на Црвен крст – Велес, Младински центар Велес, како и Отворен регионален фонд за енергетика, транспорт и климатска заштита (ORF-ETC), Германско друштво за меѓународна соработка (GIZ).
Детални информации за секој настан можат да се најдат на интернет страницата на Општина Велес.