Врз основа на член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за квалитет на амбиентниот воздух (Сл. Весник на РМ бр.151/21), Градоначалникот на Општина Велес го  објавува:

Планот за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух за Општина Велес (2023-2027), усвоен на Седница на Совет на општина Велес одржана на 29.08.2024 год.

 

Планот за подобрување на  квалитет на амбиентниот воздух за територијата на Општина Велес е стратешки документ за оцена и подобрување на квалитетот на воздухот во општината. Во овој План e направена оцена на концентрациите на суспендирани честички-PM10, како и на други загадувачки супстанции во воздухот земајќи ги во предвид податоците од Државниот мониторинг систем на квалитет на амбиентниот воздух и Катастарот за животна средина за територијата на Општина Велес.

Во Планот се дефинирани краткорочни, среднорочни и долгорочни мерки за подобрување на квалитетот на воздухот во Општина Велес за периодот 2023-2027 година. Овие мерки ќе се реализираат прогресивно во наредните 5 години.


План за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух за општина Велес 2023-2027