Со традиционалното дефиле низ улиците на градот, вчеравечер започна дваесеттото јубилејно издание на Интернационалниот фолклорен фестивал Велес 2025.  Фолклорните групи, учесници на фестивалот, ја презентираа својата традиција и култура преку музиката, танцот и носијата, најавувајќи неколку дена полни со музика, танц и песна.

По дефилето, фестивалската магија продолжи на сцената на Амфитеатарот во Младински парк каде учесниците ги пречека многубројната публика која со нетрпение го очекуваше новото издание на фолклорниот фестивал.

На првата фестивалска вечер настапија ФА „Вила Зора“ – Македонија, Група за култура „Акаханга“ од Чиле, Ансамбл за народни танци „Јенимале“ од Турција, КУД „Тодор Јанев“, Фолклорен балет „Цитлалкоатл“ од Мексико, ФА „Пилиароже“ и „Ратипелис“ од Литванија, ФА „Росенка“ од Чешка и ФТА „Теа Мас“ од Германија.

Фолклорниот фестивал продолжува вечерва со настапот на Националниот ансамбл на народни игри и песни.