Под слоганот „Велес – магијата почнува дома!“ од денеска, 26 декември, започнува новогодишната зимска бајка Винтерфест Велес. Во Младински парк е подготвено за највеселите денови во градот, со кои ќе ја испратиме старата и ќе ја дочекаме Новата 2026 година. Во прекрасен новогодишен амбиент граѓаните ќе имаат можност да уживаат во настапите на бројните музички групи, пеачи, забавувачи кои ќе се потрудат да ги направат последните четири дена од годината најсреќни и највесели. На радост на најмалите, Општина Велес се погрижи да го донесе Дедо Мраз кој ќе им подели новогодишни пакетчиња.
Предновогодишната забава понува денес, петок, во 17:00 часот со Детскиот фестивал „Весели Ѕвончиња, продолжува со членовите на балетското студио „Анабела“. Потоа најмалите ќе се дружат со Мики и Мини. Вечерта ќе заврши со настапот на DJ Flexify.
Посетителите ќе имаат можност да се стоплат со греано вино и ракија што ќе се продава во дрвените куќички како и да вкусат добра храна од локалните штандови.
За време на Винтерфест, ќе биде отворен и новогодишниот базар со уникатните рачни изработки на 28 ракотворци.
Целосна програма на Винтерфест Велес во продолжение
Програма WINTRFEST














