Почитувани граѓани и претставници на граѓанските организации,
Општина Велес, Одделението за инспекциски надзор и НВО Инфоцентарот, на 6 јули 2022 година (среда), во периодот од 9.30 до 11.30 часот, во просториите на Одделението за инспекциски надзор (на ул. Борис Трајковски, бр. 19, во зградата на СИЗ), организираат отворена средба со инспекторите на Општината.
Сите заинтересирани граѓани и претставници на граѓанските организации ќе имаат можност да се запознаат и да разговараат со локалните инспектори, за нивната работа, за нивните надлежности, за начинот на кој може да пријават проблем и да побараат да се изврши инспекциски надзор, вклучително и постапките и процедурите за вршење инспекциски надзор.
Со оваа информативна средба сакаме да ја поттикнеме двонасочната комуникација меѓу локалните инспектори и граѓаните, како и да ја зголемиме видливоста и транспарентноста на инспекциската служба во Општина Велес.
Настанот се организира во рамки на програмата Цивика Мобилитас (спроведувана од Швајцарската агенција за развој и соработка – СДЦ и Македонскиот центар за меѓународна соработка – МЦМС).
Ве очекуваме на 6 јули, во 9.30 часот!
Повелете!