Почитувани,

Општина Велес Ве поканува на Jавнa расправa по Нацрт-документите на општината за 2025 година. Јавната расправa ќе се одржи на  19.11.2024 година (вторникво електронската сала на Општина Велес и тоа за:

 

  • преставници од областите на образованието, културата, здравствената и социјална заштита, како и од здруженија и фондации (невладини организации, културно уметнички друштва, спортски клубови итн.) и заинтересирани граѓани во 16:30 часот
  • претставниците од урбани и месни заедници и заинтересирани граѓани со почеток во 18:30 часот

 

На Јавната расправа ќе бидат разгледувани Нацрт – документите на Општина Велес за 2025 година:

  1. Нацрт-програма за активностите на Општина Велес во областа на уредување на градежно земјиште  во 2025 година
  2. Нацрт – програма за активностите на Општина Велес во областа на евроинтеграциите и локалниот економски развој во 2025 година
  3. Нацрт – програма за активностите на Општина Велес во областа на заштитата на животната средина во 2025 година
  4. Нацрт – програма за одржување на јавната чистота на територијата на Општина Велес во 2025 година
  5. Нацрт – оперативна програма за одржување на јавното зеленило на територијата на Општина Велес во 2025 година
  6. Нацрт – програма за изработка на урбанистички планови во Општина Велес во 2025 година
  7. Нацрт – програма за активностите на Општина Велес во областа на промоцијата, комуникацијата со јавноста и меѓународната соработка во 2025 година
  8. Нацрт –програма за активностите на Општина Велес во областа на културата во 2025 година
  9. Нацрт –програма за активностите на Општина Велес во областа на образованието во 2025 година
  10. Нацрт –програма за активностите на Општина Велес во областа на социјалната заштита во 2025 година
  11. Нацрт –програма за активностите на Општина Велес во областа на здравствената заштита во 2025 година
  12. Нацрт –програма за активностите на Општина Велес во областа на спортот во 2025 година
  13. Нацрт –програма за активностите на Општина Велес за поддршка на младите во 2025 година
  14. Нацрт –програма за активностите на Општина Велес за поддршка на граѓанскиот сектор во 2025 година
  15. Нацрт – програма за активностите на Општина Велес во областа на информатичката технологија (ИТ) во 2025 година
  16. Нацрт – програма за активностите на Општина Велес во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и управување со кризи во 2025 година

 

Нацрт- документите што ќе бидат презентирани на Јавната расправа можете да ги најдете и во електронска верзија на веб страната на Општина Велес www.veles.gov.mk.

Вашите забелешки по нив можете да ги упатите на засебниот линк за коментари на истата веб страна.


Покана