Градоначалникот на Општина Велес, г-дин Марко Колев, денес беше во посета на Подрачното основно училиште „Св.Кирил и Методиј“ во с.Црквино каде направи увид на училишната зграда која поради долгогодишната запоставеност од страна на надлежните е во лоша состојба. Воедно им соопшти дека со општинските служби се изнајде решение за нивниот долгогодишен проблем – проширување на зградата со изградба на внатрешни тоалети. Во рамки на надлежностите на Општината ќе се отпочне процедура за подготовка на процесот.

Во текот на посетата мештаните го запознаа Градоначалникот и со останатите инфраструктурни проблеми со кои се соочуваат. Општина Велес заедно со Градоначалникот остануваат посветени на целта за подобрување на условите за живот на сите жители на Општината.