Уште една недела исполнета со интересни активности во рамки на „Велешко лето 2024“. Вечерва, 26 август, во Медиијатеката на Локалната библиотека „Гоце Делчев“ ќе се одржи едукативно-креативни работилници со членовите на МДПС „Премиера“. Работилниците што ќе се одржат во 18 часот ќе бидат со наслов „Испревртена приказна“.

И во вторник, 27 август, ќе се одржат едукативно-креативни работилницина тема „Испревртена приказна“, во медијатеката на  библиотека во 18 часот.

Во сабота, на 31 август, ќе се заокружи „Велешко лето 2024“ со доделување на награди од поетски и ликовен конкурс, а посетителите ќе имаат можност да се забавуваат на концерт на Тони Андреев. Настанот ќе се одржи во Амфитеатарот во 21 часот.

Првото издание на Велешко лето, во изминатите два месеци, беше исполнето со разновидни настани на различни локации во градот.