Почитувани претседатели на месните и урбаните заедници,

Ве известуваме дека во тек е постапката на прибирање идеи, предлози, проекти, сугестии за креирање на програмата за уредување на градежно земјиште на просторот на Општина Велес за идната, 2022 година, поднесени од страна на претставници на месни и урбани заедници.

Сите детали и начинот на поднесување на Вашите идеи, предлози, сугестии во врска со горенаведеното можете да ги прочитате во прикаченото Соопштение (подолу во објавата).

По завршување на рокот за прибирање предлози ќе се изготват нацрт-програми што ќе бидат на увид на граѓаните и по кои ќе се водат јавни расправи пред тие да станат официјален документ за работа на општината за 2022 година.

Со почит,

Општина Велес

 

Соопштение