На денешната прес конференција Градоначалникот Коцевски ја информираше јавноста дека Општина Велес испратила барање за итно постапување до ЈКП Дервен во однос на водоводните линии во населените места Мамутчево и Иванковци, затоа што последните анализи на здравствената безбедност на водата, направени на почетокот на месецов, покажаа дека водата е неисправна за пиење поради присуство на бактеријата ешерихија коли и други бактерии. Побаравме од Дервен кој управува со водоводните линии во Мамутчево и во Иванковци да воспостави редовна дезинфекција на водата за да може да се користи за пиење.
„Од ЈКП Дервен не информираа дека се обезбедени две пумпи – дозери за хлорирање на водата и дека во текот на вчерашниот ден едната пумпа е монтирана на водоводната линија во село Мамутчево, што значи дека од вчера се врши дезинфекција на водата за пиење. На водоводната линија во село Иванковци пумпата ќе се монтира во текот на утрешниот ден што значи дека жителите на ова населено место веќе од утре ќе имаат исправна вода за пиење“, рече Коцевски.