Долгогодишната соработка на Општина Велес со колективниот постапувач за отпад од пакување ПАКОМАК Скопје продолжува и оваа година.

Задоволен од количините на отпадно стакло кои во изминатите две години се собираат од територијата на Општина Велес, Управниот одбор на ПАКОМАК Скопје одлучи да постави дополнителни 15 контејнери за отпадно стакло, со што вкупниот број на овој тип на контејнери во општината изнесува 45.

Во текот на вчерашниот ден на нови локации беа поставени 15 контејнери за отпадно стакло (амбалажа од шишиња, тегли) и тоа на улиците: Благој Ѓорев (Социјални згради), Благој Ѓорев (СЕВДИН), Благој Ѓорев (згради Пододекор), Белградска, Васил Главинов, Христо Татарчев, Методија Андонов Ченто (Пешачки надвозник), Невена Ѓорѓиева Дуња, Петре Прличко, Димитар Влахов, Вардарска, Ганчо Хаџи Панзов, Луј Пастер, како и во с.Башино село.

Собирањето на отпадно стакло е координирано од страна на ПАКОМАК Скопје. Во определен временски интервал садовите се празнат од страна на правно лице со кое ПАКОМАК има склучено договор. Документите за превземените количини од територијата на општината се предаваат во ЈКП Дервен.

Во текот на 2019г. во општината беа собрани 27 861кг. отпадно стакло од домаќинствата и 14.060кг. отпадно стакло собрано од кафулињата и рестораните.

Општина Велес им се заблагодарува на граѓаните кои се повеќе го прифаќаат концептот за селекција на отпад од пакување, а воедно ги повикува да ги пронајдат и да ги користат садовите за отпадно стакло.

Отпадното стакло може да се селектира и складира и во жолтите канти на домаќинствата на кои се доделени.

Локациите со поставени контејнери за отпадно стакло се следните:

Ред.бр. ЛОКАЦИЈА Бр. на контејнери
1. Езеро Младост 2
2. Градски парк 3
3. Општинска комунална депонија 1
4. ул. Лазо Осмаков 3
6. ул. Индустриска (пред БРАКО) 1
7. ул. Илинденска (ВЕ-МОЛ) 1
8. ул. Петре Прличко (Паркинг ПАРМАК) 1
9. ул. Петре Прличко (помеѓу станбени згради) 1
10. ул. 11-ти Октомври  (Мало пазарче) 1
11. ул. 11-ти Октомври (САМА) 1
12. ул. 11-ти Октомври (СИМПО) 1
13. ул. Благој Ѓорев (ЕТАЖ) 1
14. ул. Благој Ѓорев  (спроти Офицерски дом) 1
15. ул. Благој Ѓорев (Социјални згради) 1
16. ул. Благој Ѓорев  (СЕВДИН) 1
17. ул. Благој Ѓорев (згради Пододекор) 1
18. ул. Тодор Јанев (Меаната на Даце) 1
19. ул. Оливер Китановски (паркинг) 1
20. ул. Страшо Пинџур  (Рампа Дворови) 1
21. ул. Живко Фирфов 1
22. ул. Нада Бутникошарова 1
23. ул. Методија Андонов Ченто (кај СИЗ) 1
24. ул. Методија Андонов Ченто (Пешачки надвозник) 1
25. ул. Никола Карев 1
26. ул. Белградска 1
27. ул. Васил Главинов 1
28. ул. Христо Татарчев 1
29. ул. Невена Ѓеоргиева Дуња 1
30. ул. Димитар Влахов 2
31. ул. Вардарска 1
32. ул. Ганчо Хаџи Панзов 1
33. ул. Луј Пастер 1
34. Маркет КИТ ГО (ТУШ) 1
35. Згради Атлантис 1
36. Комплекс УЗУС 1
37. Населба Превалец 1
38. с.Башино село 1
39. с.Отовица 1
40. с.Оризари 1
Вкупно: 45