Градоначалникот Марко Колев денеска го потпиша Меморандумот за разбирање како официјален документ за соработка помеѓу Министерството за труд и социјална политика, Советот на Европа и партнерските општини за имплементација на фаза II од Програмата РОМАКТЕД. На конференцијата што се одржа во Скопје, учествуваа градоначалниците на 15-те општини вклучени во реализација Програмата за поддршка и интеграција на Ромите на локално ниво.

Цел на заедничката програма РОМАКТЕД е да се изгради политичка волја и одржлив политички ангажман на локалните власти за подобрување на демократското владеење и зајакнување на локалните ромски заедници.