Градоначалникот Марко Колев ги потпиша договорите за петнаесетте проекти со Владата на Република Македонија. Станува збор за капитални инвестиции на територијата на Општина Велес.

Со овие проекти Општина Велес обезбеди средства за:

1.Реконструкција на патот Отовица – Сојаклари;

2.Реконструкција на патот Челошево – Дорутовец;

3.Реконструкција на влез во село Иванковци;

4.Реконструкција на влез во Башино Село – поптег од Енмон до сред село;

5.Реконструкција на влез во село Караслари – потег од бензиска станица Макпетрол до сред село;

6.Реконструкција на влез во село Мамутчево;

7.Реконструкција на плоштад во центарот  на градот;

8.Реконструкција на противпожарен дом, заедно со помошен објект и партерно уредување;

9.Реконструкција на спорстка сала „Гемиџии“ – електрика, водовод и дел од архитектура;

10.Реконструкција на улица „Васил Главинов“ со изградба на потпорен ѕид;

11.Реконструкција на фасада на ССОУ „Димитрија Чуповски“;

12.Реконструкција на улица „Васил Ѓоргов“ – од крстосницата кај театарот до плоштад Којник;

13.Реконструкција на улица „11 Октомври“;

14.Реконструкција на улица „Белградска“ – делница од градинката до магацините на ЈКП Дервен;

15.Реконструкција на улица „Алексо Демниевски Бауман“ – потег од поранешен Жито Вардар до железничка станица.