Се повикуваат граѓаните на Велес кои имаат сознанија за постоење на мали и големи диви депонии во и околу градот да ги пријават во Општина Велес и тоа на веб страницата на општината преку линкот „пријави проблем“ или да се јават на телефонските броеви 078 254-729 или на 043 232-406.
На тој начин службите на Општина Велес ќе имаат сознанија каде се наоѓаат дивите депонии и ќе можат да интервенираат со цел да се отстранат.