Почитувани млади,

Општина Велес во соработка со Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) отпочнува со реализација на проектни активности кои се дел од регионалниот проект „Млади за инклузија, еднаквост и доверба“.

Во рамки на овој проект, ќе биде реализирана Обука за обучувачи, организирана од страна на партнерот на проектот „Младински образовен форум – МОФ“. Обуката ќе се реализира во периодот од 12 до 15 мај 2023 година, за што е отворен Јавен повик за пријавување на млади лица од општините во кои се реализираат проектните активности: Велес, Битола, Струга, Охрид и Гостивар (по четири млади лица од секоја општина), на возраст од 18 до 29 години. На четиридневната обука, учесниците ќе се стекнат со знаења и вештини на теми поврзани со поттикнување конструктивни наративи, соработка, меѓукултурен дијалог, меѓусебно разбирање и доверба. Обуката ќе се реализира по Y-PEER методологија (врсници обучуваат врсници), со Прирачник за обучувачи. Работниот јазик на Обуката за обучувачи е македонски. Повикот за пријавување е отворен до среда, 3 мај 2023 година, (23:59 часот).

Целосниот повик е објавен на социјалните мрежи (Facebook и Instagram), на следните линкови:

Facebook: https://www.facebook.com/photo?fbid=607436401415780&set=a.553751100117644

Instagram: https://www.instagram.com/p/CrVzkg2sGHh/?utm_source=ig_web_copy_link

Линк за пријавување: https://forms.gle/HrnjFHJYf3nMbouo9

Kористејќи ги новостекнатите знаења и вештини, учесниците ќе продолжат да работат со млади во нивната локална заедница со цел споделување на знаењата и вештините преку реализирање на локални работилници за млади во петте партнер-општини на проектот: Велес, Битола, Струга, Охрид и Гостивар.