Со донации во велосипеди, топки, спортски реквизити и житарки, овозможени од општествено одговорни компании, денес продолжија активностите за одбележување на Европската недела на мобилност 2024.

Подигнувањето на свеста кај децата од најрана возраст дека спортските активности  влијаат позитивно на нивното здравје и на заштита на животната околина се мотив за реализација на Европската недела на мобилност.

Донациите, во рамки на активностите за одбележување на ЕНМ 2024 беа поделени во еден од клоновите на ОЈУДГ „Димче Мирчев” каде децата приредија пригодна програма  а потоа спортуваа на донираните спортски реквизии. Донации се доделија и во општинските основни и средни училишта во градот.

Меѓудругото, тимот од Општина Велес обезбеди и достојни донации од општествено одговорни компании кои донираа спортски реквизити наменети за сите клонови на ОЈУ Детска градинка „Димче Мирчев”, како и за општинските основни и средни училишта. Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ), во рамки на проектот Отворен регионален фонд за енергетика, транспорт и климатска заштита (ORF-ETC), а по повод Европска недела на мобилност, обезбеди два паркинзи за велосипеди кои ќе бидат поставени пред зградата на МВР-СВР Велес и пред зградата на Одделение за катастар на недвижности Велес. Донациите ги овозможија Клиничката болница „Жан Митрев”, „Нестлè Адриатик д.о.о.е.л. Македонија”, „Еуро-Фарм”, „Стокомак” и „Виталиа Никола ДОО”.

Додека пак партнери и поддржувачи на активностите за одбележување на ЕНМ 2024 во Велес се и Делегацијата на Европска унија и Европска куќа Велес, Министерство за животна средина и просторно планирање, ОЈУ Детска градинка „Димче Мирчев”, МВР-СВР Велес, Младински центар Велес и Отворен регионален фонд за енергетика, транспорт и климатска заштита (ORF-ETC), Германско друштво за меѓународна соработка (GIZ).

Општина Велес ги повикува сите жители да се придружат на овие активности.

Детални информации за секој настан можат да се најдат на интернет страницата на Општина Велес.