Во рамки на одбележувањето на Европската недела на мобилност 2022, денес во Младинскиот центар во Велес се одржа едукативна работилница – интерактивен квиз на тема „Нивниот збор наша мотивација“. Преку промовирање на велосипедот како алтернативно превозно средство, а со тоа и мотивирање на младите за водење на здрав начин на живот и заштита на животната средина се одржа денешниот квиз.
Меѓудругото, тимот од Општина Велес обезбеди и достојни донации од општествено одговорни компании кои донираа велосипеди за деца, трицикли, топки за разни спортови, спортски реквизити, освежителни пијалоци и житарки, хигиенски средства и друго, наменети за сите клонови на ОЈУ Детска градинка „Димче Мирчев”, сите општински основни и средни училишта од градот. Донациите ги овозможија „Нестлè Адриатик д.о.о.е.л. Македонија”, „Еуро-Фарм”, „Стокомак”, „ Виталиа Никола ДОО”, „Витал БТ”, „Базаро”, „Интерспорт”, „Спорт М” и „Алкалоид АД“ Скопје. Додека пак помагатели и поддржувачи на активностите за одбележување на ЕНМ 2022 во Велес се и Делегацијата на Европска унија и Европска куќа Скопје, волонтерите на Младински центар, Велес, ЗГ „Велес бајкинг”, ИО „Димитар Влахов”, МВР-СВР Велес, како и Отворен регионален фонд за енергетика, транспорт и климатска заштита (ORF-ETC), Германско друштво за меѓународна соработка (GIZ).
Детални информации за секој настан можат да се најдат на официјалната веб страница на Општина Велес.