Вториот повик за аплицирање за грант од проектот за подобрување на социјалните услуги денеска беше промовиран во Општина Велес. Проектот е на Министерството за труд и социјална политика а е финансиран од Меѓународна банка за обнова и развој (Светска банка). Целта на проектот е да се развијат социјалните услуги на локално ниво од кои бенефит ќе имаат ранливите категории на граѓани во локалната заедница.
Градоначалникот Марко Колев изрази голема благодарност до проектната единица на Министерството за труд и социјална политика за проектот и истакна дека Општина Велес веќе е во соработка со невладиниот сектор кој работи на социјалната проблематика за аплицирање на вториот повик за грант за социјални услуги.
Во рамките на првиот повик за доделување на грантови за развој на социјалните услуги на локално ниво, 22 проекти во 26 општини добија финансиска поддршка преку овој проект со кој ќе се јакнат капацитетите на општините во интерес на граѓаните.