Во состојби на стрес и домашна изолација насилството може дополнително да ескалира. Никој не треба да се чувствува дека е оставен сам на себе.

Потенцијалните жртви можат да се обратат за помош во центрите за социјална работа и воспоставените сервиси на локално и национално ниво. 

Ги охрабруваме сите жртви кои се соочуваат со каква било форма на семејно насилство или насилство од својот партнер да пријават на 192, СОС линиите, во центрите за социјална работа или најблиската полициска станица.

Институциите даваат највисок приоритет на пријавите на семејно насилство и ги превземаат сите мерки за заштита на жртвите.

Каде може да се обратите за помош:

  • Полиција 192
  • Директно во полициска станица
  • Центар за жени жртви на родово базирано/семејно насилство при

ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Велес  070 362 281 или на

  • Бесплатните телефонски СОС линии 070/075/077  141 700

Сите кои имаат потреба да пријават насилство ги охрабруваме да го сторат тоа и за тоа не им е потребна посебна дозвола, ниту за времетраење на полициски час. Жртвите непречено можат да се движат до најблиската полициска станица.