Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, за спроведување на дератизација на подрачјето на Општина Велес, како општа мерка за заштита на населението од заразни болести, Општина Велес го издава следното соопштение за јавност

Општина Велес ја известува јавноста дека од 11 мај 2022 година, во зависност од временските услови, ќе  започне со спроведување на пролетната дератизација на јавни површини и јавни објекти кои се во надлежност на Општина Велес. Ова е една од општите мерки кои општината ги презема за заштита на населението од заразни болести во согласност со Програмата за активностите на Општина Велес во областа на здравствената  заштита за 2022 година.

Дератизација  се врши два пати годишно во пролетниот и есенскиот период. Во следните неколку дена ќе биде опфатена површина од 150.000 м2, односно сите јавни површини во градот како и двата брега на реката Вардар, од Башино село до компанијата Агриа.

По спроведена постапка за извршување на овие активностите избран е операторот ЈЗУ Центар за Јавно здравје – Скопје.

Општина Велес ги известува граѓаните дека препаратот кој се користи за дератизацијата е селективен, од сертифициран производител и ја третира популацијата на глодарите. Со одобрение од Министерство за здравство на Република Северна Македонија, за употреба во јавната хигиена, не преставува опасност за останатиот животински свет.