Во изминатиот период се променија 4.695 светилки на територијата на Општина Велес. Екипите на Македонски Телеком интензивно работеа на проектот за промена на уличното осветлување и се заменија старите со нови лед светилки. Се поставија неколку типа на светилки од 40, 45, 55 и 85w и 92 надворешни ормани со вклучен анализатор и смарт контролер за целосна оптимизација и ефективно и ефикасно одржување на мрежата.

Во наредниот период ќе продолжи оптимизацијата и сервисирањето на мрежата каде што се појавени дефекти. Секој дополнителен настанат проблем на променетите нумерирани столбови може да го пријавите на следниов линк: https://smveles.telekom.mk/defekti/