Со поддршка на Општина Велес, вокално инструменталниот состав „Аманет“ на 27 ноември 2024 година (среда), во Големата сала на Општина Велес, со почеток во 20:00 часот ќе одржи концерт на традиционална македонска музика насловен како „Аманет од предците“.
Општина Велес ве поканува да ја проследите промоцијата на новиот албум на ВИС Аманет и да бидете дел од едно посебно музичко патување.