Во рамките на Европската недела на мобилност, Општина Велес го продолжува проектот за изградба на полигон за велосипеди (pump track). Во Градскиот парк во Велес младите велешани ќа добијат место наменето за забава и рекреација,
каде ќе имаат можност да уживаат во своите велосипеди, тротинети, ролери и скејтборди. Полигонот за велосипеди е втор ваков објект на национално ниво, се гради на простор на 660 м2, во Градскиот парк (под ракометното игралиште).