Во организација на Советот за превенција од детско претстапништво при Општина Велес денеска во Европска куќа се одржа работилница на тема „Емоционално насилство и како да го надминеме“. На работилницата учествуваа ученици од основните училишта во Велес, а со нив работеа професорките по психологија и педагогија Ванѓелица Гаврилова и Ѓорѓина Ќимова.
Преку игра и на интерактивен начин учениците се запознаа со различните видови на насилство кои можат да се забележат во училиштата и како да се надминат.
Целта на работилницата е да се зголеми свеста кај децата за врсничкото насилство, да се поттикне емпатијата кај децата и да се развијат комуникациските и социјалните вештини за подобрување на односите меѓу врсниците.
Од предавачите учениците добија практични совети за тоа како да се препознае и да се намали врсничкото насилство.
На истата тема претходно се одржа вебинар со кој беа опфатени родители од предметна настава од сите основни училишта во градот и стручната служба.