Есенски базар и годинава ќе биде поставен на улицата Благој Ѓорев, кај влезот на Гимназијата како дел од Фестивалот на велешка пита и вино „ПИТИЈАДА 2025“. На тезгите ќе бидат изложени уникатните ракотворби на нашите вредни ракотворци. Од 10 до 12 октомври посетителите на манифестацијата ќе имаат можност да си купат од рачните изработки.

Во недела, 12 октомври, со почеток во 11 часот, граѓаните ќе имаат можност да ја посетат изложбата на историски автомобили – олдтајмери, кои во организација на Здружението „King of the streets“ ќе бидат поставени на потегот од кружен тек Авона до Бос.

Исто така, во недела, 12 октомври, во организација на „Велес бајкинг“ ќе се одржи XII рекреативна велосипедска тура „Велес mtb tour 2025“ која ќе започне во 10 часот од винарија Шато Сопот Македонија.