Во тек се градежни активности за уредување на пристапен пат до земјоделско обработливо земјиште во с.Мамутчево, во должина од 750 метри. Овој проект е во соработка со Центарот за развој на Вардарски плански регион, а средствата се обезбедени преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Со инвестирањето во руралните средини придонесуваме за рамномерен развој на Општината и земјоделството како важна стопанска гранка.
Продолжуваме посветено!