Отпочнати се градежни активности за реконструкција на дел од ул Кукушка во месноста “ Дворови “   – на потегот од спој со ул Никола Оровчанец  до спој со ул Ѓоре Органџиев во должина од околу 100 м

Реконструкцијата подразбира вадење на гранитната коцка , припрема на  подлогата со ископ , планирање , тампонирање и поставување на бетонски павер елементи  (бехатон )

Во периодот на изведување на градежните работи  потегот на кој се изведуваат градежни работи ќе биде забранет за сообраќај со поставена сообраќајна сигнализација .

Се замолуваат граѓаните да ја почитуваат поставената сигнализација , да покажат трпение и разбирање во периодот додека се изведуваат градежните работи .