Започна реконструкцијата на Раштански пат. Градежната механизација е на терен каде што во тек е целосна длабинска реконструкција на Раштански пат. Делницата е во должина од 800 метри, со што значително ќе се подобри патната комуникација кон овој дел од градот и околните села.