Во соработка со Владата и Министерството за образование и наука, Општина Велес обезбеди финансиски средства за реконструкција на средното хемиско училиште „Димитрија Чуповски“. Веќе е избрана фирмата изведувач на реконструкцијата на фасадата на училишната зграда со што ќе се добие поголема енергетска ефикасност на објектот и намалување на трошоците за греење и ладење и заштита на животната средина.
Освен фасадата на училиштето, ќе се изврши реконструкција и на покривот на спорстката сала што заедно ја користат двете средни училишта. Со реновирањето на покривот ќе се овозможат безбедни и функционални услови за спортски активности, зачувување на објектот и создавање пријатна средина за учениците и наставниците.







