Се реконструираат улиците „Гоце Делчев и „Страшо Пинџур“. Во тек е гребење на постоечкиот асфалт. По завршувањето на подготвителните активности, реконструкцијата на овие две улици ќе заврши со асфалтирање, со што улиците во центарот на градот ќе бидат целосно опфатени и реконструирани.