Интензивно се изведуваат градежни работи околу  реконструкцијата на оштетениот труп на мостот кај Башино Село. Во тек е појачување на главните носачи со додавање на дополнителна арматура, шалување и бетонирање. Дополнително се работи и на поставување на челични спрегови за укрутување на столбовите.

Градежните зафати на долниот дел на мостот се одвиваат согласно предвидената динамика и со непречено одвивање на сообраќајот на горниот дел.

Проектот за реконструкција на мостот е финансиран од Јавното претпријатие за државни патишта а изведбата е на градежната компанија Синтек.