Улицата „8 Март“ е целосно реконструирана. Градежните зафати со поставување на асфалтен слој завршија. Во наредниот период ќе се изврши реконструкција и на тротоарите а ќе се постави и вертикална и хоризонтална сигнализација.
Општина Велес продолжува со реализација на планираните градежни активности и во наредниот период.