Со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот, Општина Велес во соработка со ЈП Македонски железници – Инфраструктура, започна со реконструкција на одводната атмосферска коловозна решетка на улица „Димко Најдов” (крстосница кај Стар Мост) во Велес.

Во периодот од 23 до 30 март 2020 година ќе се започне со реализација втората фаза, а со тоа ќе се подобри патната инфраструктура, ќе се санираат проблемите и ќе се олесни комуникацијата на возилата и пешаците кои гравитираат во овој дел од градот.

Предвидените градежни активности на одводната атмосферска коловозна решетка се изведуваат согласно изготвен и одобрен Основен сообраќаен проект за времена измена на режим на сообраќај. Општина Велес ја информира јавноста дека за време на изведување на  градежните зафати ќе биде применет времен режим на сообраќај со поставување на соодветна сообраќајна сигнализација и наизменично пропуштање на возилата од спротивната насока.