Почитувани,
Општина Велес ја известува јавноста дека од утре, 5 мај 2021 година (среда) ќе започне со градежни работи со кои ќе се реконструира водоводна линија на улица „Орце Мартинов”.
Градежните работи опфаќаат поставување на ПЕ цевки Ф110/10 бари, во должина од околу 400м2. Исто така ќе се изведат 44 нови попречни приклучоци, две водоводни шахти, една шахта за воздушен вентил и три противпожарни хидранти.
Во зависност од временските услови, градежните работи ќе се одвиваат во траење од дваесет и пет работни денови, а истите ќе ги изведува „Делта-пром инг” од Велес.
Со цел навремено и квалитетно изведување на градежните работи, Општина Велес упатува апел до жителите од овој дел на градот за разбирање и внимателно управување со моторните возила, како и почитување на поставената сигнализација.
Со почит,
Општина Велес