Врз основа  на член 50 став 1 точка 9 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”  5/02), член 19-а став 4 и член 23 од Законот за јавните претпријатија (“Службен весник на РМ” бр. 38/96, 06/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13,  41/14, 138/14, 25/15, 61/15 , 39/16, 64/18 и 35/19 и „Службен весник на РСМ“ бр.275/19 и 89/22),

Градоначалникот на Општина Велес, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

за избор на Директор на

Јавното претпријатие „Парк – Спорт и Паркинзи“- Велес 

1.За Директор на Јавното претпријатие „Парк-Спорт и Паркинзи“- Велес се именува:

– Димче Левков-дипломиран професор по физичка култура и воспитување

2.Директорот својата функција ќе ја извршува за време од 4 години започнувајќи од 04.05.2022 година.

3.Ова Решение стапува во сила со денот на донесувањето и ќе се објави на страната на Општина Велес.

 

 О б р а з л о ж е н и е

 

Градоначалникот на Општина Велес, распиша Јавен конкуср бр.08-1943/2 од 11.04.2022 година за избор на директор на Јавното претпријатие „Парк-Спорт и Паркинзи“- Велес. По распишаниот Јавен конкурс, Градоначалникот на Општина Велес донесе одлука со која Димче Левков од Велес е избран за Директор на Јавното претпријатие „Парк-Спорт и Паркинзи“- Велес со мандат од 4 години од денот на изборот започнувајчи од 04.05.2022 година.

Врз основа на горе наведеното, а согласно член 19- став 4 и член 23 од Законот за јавните претпријатија (“Службен весник на РМ” бр. 38/96…….. 35/19 и „Службен весник на РСМ“ бр.275/19 и 89/22),

Правна поука: Против ова решени може да се изјави жалба во рок од 8 дена од денот на приемот на решението до Државната комисија за управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.

 

Бр. 08-1943/7

28.04.2022 година

Велес

Градоначалник

на Општина Велес

Марко Колев

Решение